СВР Охрид поднело кривична пријава против 37-годишниот Н.С. од Скопје и против правно лице од Скопје чиј сопственик е, поради сомнение за точење алкохолни пијалаци на дете. При контрола на 29 јули во угостителски објект на плажа во Охрид, со кој стопанисувале пријавените, полицијата затекнала малолетни лица на кои им било овозможено да консумираат алкохолни пијалаци.
