Неексплодирана бомба пронајдена во Охридското Езеро

На 28 август во 15:33 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, во близина на кеј „Македонија“, била пронајдена неексплодирана бомба.

Местото било обезбедено од полициски службеници, по што бомбата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, за натамошна постапка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани