СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(47) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според пријавеното, тој неовластено зазел катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското Езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО.
