СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од селото Волино, општина Дебрца, и И.М.(43) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во текот на 2024 година, првопријавениот, во својство на градоначалник на Општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор и несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фотонапонски панели на правно лице од Скопје.
Тоа го направил иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација издадена од надлежен орган.
Одобренијата биле изготвени од второпријавениот, кој бил раководител на Одделението за урбанизам и јавни дејности во Општина Дебрца.
