Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во југозападниот дел од земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил регистриран во 5:40 часот, а епицентарот потекнувал од епицентралното подрачје Охрид–Струга, на околу 135 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
