На улицата „Партизанска“ во Струга, вчера во 15:50 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 24-годишниот Б.М. од струшкото село Добовјани.
При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот. При проверката било констатирано дека тој немал положено возачки испит.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
