На Галичица работилница за обновување на сувите тревни живеалишта

Резултатите од проектот за реставрација на полуприродните суви тревни живеалишта на планината Галичица ќе бидат презентирани на работилница што ќе се одржи на 3 ноември во Националниот парк „Галичица“.

Работилницата ја организираат „Биодиверзитет за сите“ (B4E) и Националниот парк „Галичица“, во рамките на проектот „Враќање на полуприродни суви тревни живеалишта на планината Галичица“, финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (CEPF).

Полуприродните суви тревни живеалишта се соочуваат со зголемени притисоци поради напуштањето на традиционалните земјоделски практики и пасењето, како и ширењето на смреката. Овие процеси го загрозуваат опстанокот на значајни живеалишта и биолошката разновидност на Галичица.

Преку соработката со Националниот парк и локалните земјоделци, проектот придонесе за обновување на овие подрачја. Активностите опфатија отстранување на грмушки на речиси 15 хектари, воведување контролирано пасење, подобрување на водоснабдувањето за добитокот, како и пилотирање агроеколошки шеми засновани на постигнати резултати.

На работилницата ќе бидат презентирани реализираните активности и постигнатите резултати, а учесниците ќе имаат можност да ги посетат локациите на кои се спроведуваат мерките за реставрација и одблиску да се запознаат со применетите пристапи за зачувување на природата.

Настанот ќе се одржи на 3 ноември, вторник, од 10:30 до 15 часот, во Националниот парк „Галичица“. За теренската посета се препорачуваат соодветна облека и удобни обувки, приспособени на временските услови.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани