Учениците од „Христо Узунов“ учеа кулинарски и угостителски вештини

Учениците од петтите одделенија во ООУ „Христо Узунов“ од Охрид учеа преку практична работа, креативност и дружење во Средното општинско стручно училиште „Ванчо Питошески“.

Учениците од V-1 и V-3 одделение, под менторство на своите учителки, имаа можност одблизу да се запознаат со дел од кулинарските и угостителските вештини, под водство на професорите Васил Талевски, Милена Илијевска и Елена Спировска, кои ги пречекаа и им овозможија да учат преку практични активности.

Поделени во две групи, основците се испробаа во различни задачи. Едната група подготвуваше вафли, проја и сутлијаш, додека другата учеше како правилно се поставува трпеза, се распоредуваат приборот и чашите, се декорираат масите и се изработуваат украсни салфетки.

Преку ваквите активности, учениците имаа можност да ги развиваат својата креативност, тимскиот дух и практичните вештини, но и да се запознаат со дел од професиите во угостителството.

Од ООУ „Христо Узунов“ посочуваат дека учењето преку непосредно искуство им овозможува на децата полесно да ги усвојуваат знаењата, да откриваат нови интереси и да создаваат убави спомени.

Од училиштето упатија благодарност до домаќините од СОСУ „Ванчо Питошески“ за срдечниот прием и можноста учениците да поминат еден ден исполнет со нови знаења, забава и дружење.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани