Два случаи на физички напад и оштетување на возило биле пријавени во полицијата во Охрид и Струга.
На 29 октомври, во 23:50 часот, во СВР Охрид, 49-годишен охриѓанец пријавил дека во дворот од неговата куќа, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден, во 13 часот, во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Партизанска“ едно лице агресивно се однесувало кон 37-годишна стружанка, а потоа ѝ го оштетило и патничкото возило. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок.
