Охрид домаќин на Ohrid TechAthlon 2026 – три дена посветени на технологијата и иновациите

Од 6 до 8 ноември, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе биде домаќин на Ohrid TechAthlon 2026, настан кој има за цел да ги поврзе технолошките таленти, иноваторите и претприемачите и да ја поттикне соработката меѓу академската и бизнис-заедницата.

Настанот е во организација на Охрид Тех Сити, во соработка со УИНТ, а ќе собере фриленсери, претприемачи, студенти, ученици, програмери, дизајнери, истражувачи и претставници на компании.

Под менторство на 20 искусни професионалци, учесниците ќе имаат можност своите идеи да ги развиваат од почетен концепт до прототип и бизнис-модел.

Програмата предвидува хакатон за стартап-идеи, на кој тимовите ќе креираат и презентираат иновативни решенија пред стручно жири, како и Бизнис експо и Саем за кариера. Компаниите-партнери ќе ги претстават своите активности, ќе понудат можности за вработување и ќе остварат директни контакти со потенцијални кадри.

Предвидени се и практични работилници и менторски сесии од областа на современите технологии и актуелните индустриски трендови.

Поддршка и учество на настанот досега потврдиле повеќе од 10 партнери од бизнис и академскиот сектор, меѓу кои Магна, Брејнстер, Волт, Талентир, Сервисеа и Хелветас.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани и дел од проектите на УИНТ, меѓу кои SINFT и COPILOT.

Заинтересираните учесници можат да се пријават и да ја погледнат програмата на официјалната веб-страница на настанот: www.ohridtechathlon.com.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани