Општина Охрид дел од меѓународниот проект Germ of Life за справување со сушите и климатските промени

Општина Охрид е дел од меѓународниот проект „Germ of Life“, кофинансиран од програмата Interreg Euro-MED, чија цел е развој и примена на дигитални алатки за предвидување и управување со ризиците од суша, како и зајакнување на отпорноста на екосистемите на климатските промени.

Проектот обединува 14 партнери од седум европски земји: Грција, Италија, Португалија, Шпанија, Франција, Кипар и Македонија. Вкупниот буџет изнесува 3.797.350 евра.

Преку примена на вештачка интелигенција, метеоролошки податоци и системи за рано предупредување, ќе се овозможи предвидување на ризикот од суша, проценка на ранливоста на териториите и идентификување иновативни решенија за заштита на природните ресурси.

Охрид е една од четирите нови територии во кои се спроведува фазата на трансфер, заедно со регионот на езерото Трасимено во Италија, Каталонија во Шпанија и Куриум на Кипар.

Во оваа фаза, развиените алатки и методологии ќе се приспособуваат на локалните услови преку обуки, размена на искуства и активности за нивна практична примена.

Со учеството во проектот, Општина Охрид се вклучува во меѓународните напори за подобро справување со климатските ризици, заштита на екосистемите и одржливо управување со природните ресурси.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани