Акција за чистење на плажите

Утре, со почеток во 10 часот од паркингот кај плажата „ НЕМО“ , ќе започне акција за расчистување на јавните површини околу плажите и пешачката патека до каналот „ Студенчишта“.

Расчистувањето на јавните површини ќе се реализира на иницијатива на компанијата „ Костал“, а со поддршка на Општина Охрид и ЈП „ Охридски комуналец“ .

По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето, а целта е да се подигне јавната свест за одржување на чистотата, пред и за време на годинашнава туристичка сезона.

Social profiles