Дали во Охрид годинава, за првпат ќе биде одржан меѓународен пливачки камп?
Судејќи по твитер статусот на Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Македонија, годинава од 26 јули до 4 август во Охрид ќе се одржи првиот професионален меѓународен пливачки камп. Маленко, на твитер се заблагодари на ФИНА-светска пливачка федерација за таа одлука. Еве што напиша претседател на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко на твитер:
Благодарение на ФИНА-светска пливачка федерација која препозна професионално раководство на Наша Пливачка Федерација,за прв пат во Македонија ќе се одржи професионален меѓународен пливачки камп ФИНА 26.Јули-04Август 2018г Охрид…
