Во дводневна посета на општина Вевчани престојува амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.
Во Вевчани беше и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.

Пред почетокот на дефилето под маски, на средбата со амбасадорката имавме можност да поразговараме за заштитата на животната средина, природата, економскиот развој, туризмот.

Покрај посетата на Вевчанските извори и отворените изложби во мултикултурниот центар, амбасадорката за време на посетата на општина Вевчани ќе има можност во целост да ги проследи случувањата на традиционалниот Вевчански карневал.
На средбата разговаравме на повеќе теми меѓу кои образование, култура, туризам и заштита на животната средина, како и во врска со можноста за идна соработка во рамките на проектот на амбасадата за подобрување на капацитетите на општините за мобилизирање на ресурси.
