Поради настанатите проблеми во изведбата ќе се пролонгира ионака задоцнетата изградба на автопатот Охрид Кичево.
Наместо годинава, автопатот ќе биде готов дури во 2020 година. Пред владата престојат големи предизвици во изградбата на оваа најзначајна делница во југозападниот регион во земјава. Бројните проблеми во изградбата и натаму ја зголемуваат цената на автопатот.
Во текот на годинава ќе се продолжи и со изработка на проектната документација на автопатот Гостивар – Букојчани – Кичево, чија должина изнесува 42 километри. Поголем предизвик за власта ќе биде пронаоѓањето на финансиски средства за овој автопат, кој минува низ тежок планински предел што би ја чинел државата неколку стотици милиони евра.
Годинава ќе заврши изградбата на два значајни автопати. Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип, чија вкупна должина изнесува 75,2 километри.