„Безбеден град“ регистрира 296 сообраќајни прекршоци во Охридско-струшкиот регион

„Безбеден град“ регистрира 296 сообраќајни прекршоци за два дена во Охридско-струшкиот регион.

Вкупно 296 сообраќајни прекршоци се регистрирани во првите два дена од функционирањето на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјето на Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, на 12 октомври, првиот ден од примената на системот, биле евидентирани 148 прекршоци. Истиот број прекршоци бил регистриран и следниот ден, 13 октомври, заклучно со 19 часот.

Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор и управување со нерегистрирани возила.

Од МВР информираат дека сите прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата со кои се направени се доставуваат известувања преку СМС-пораки и електронска пошта.

Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Целта на системот „Безбеден град“ е подигнување на сообраќајната култура, зголемување на дисциплината кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани