Охридската гимназија меѓу 10-те најуспешни училишта во примената на вештачката интелигенција

Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ се најде меѓу 10-те најуспешни средни училишта во земјава во деветмесечната програма за примена на вештачката интелигенција во образованието, организирана од Министерството за образование и наука во соработка со Brainster Next College.

Успехот на училиштето е надополнет со резултатите на тројца професори кои се најдоа меѓу 100-те најуспешни учесници во програмата.

Кристина Љубисављевиќ Петровска се пласираше меѓу 10-те најуспешни наставници, додека Надица Николоска-Филипоски и Ѓоко Доревски се најдоа меѓу 100-те најуспешни учесници.

По завршувањето на деветмесечната обука, најуспешните наставници и училишта добија сертификати и признанија за посветеноста, вложениот труд и стекнатите знаења во областа на вештачката интелигенција.

Од охридската гимназија посочуваат дека постигнатите резултати се потврда за континуираните заложби за унапредување на наставата, професионално усовршување на наставниот кадар и примена на современите технологии во образовниот процес.

Примената на вештачката интелигенција во образованието отвора нови можности за осовременување на наставата и развивање на вештините кај учениците за креативно, критичко, етичко и одговорно користење на новите технологии.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани