Неодамнешните врнежи од дожд предизвикаа благо покачување на водостојот на реките во регионов но не и на водостојот на Охридското езеро.
Неодамнешните врнежи од дожд предизвикаа благо покачување на водостојот на реката Сатеска кај Ботун но не и на реката Црни Дрим кај струшкото село Ложани како и на водостојот на Охридското езеро.Според Управата за хидрометеоролошки работи, најголеми вредности на водостоите се бележат на станиците на река Вардар кај Радуша (167), Демир Капија (162) и Јегуновце (150) а значително е зголемено во однос на просекот во февруари и нивото на Пчиња кај Катлановска бања, има покачување и на Сатеска кај Ботун, а под просекот се Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.Кај водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро нема значителни промени споредени со просекот за овој месец од годината. Според метеоролозите, повремени врнежи од дожд во Охрид се очекуваат и во текот на првите три дена од наредната недела.
