Богослужби по повод почетокот на Велигденските пости

По повод почетокот на престојните велигденски пости Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 18. Февруари 2018 година (недела) – Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие).

Исто така од понеделник до четврток ќе има едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
– Утрена со часови и вечерна во 7:00 часот
– Големо повечерие со канонот на Св.Андреј Критски 16:00 часот
– 21.02.2018 (среда) архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
– 23.02.2018 (петок) – утрена со часови и преждеосвештена литургија во 6:00 часот
– 16:00 часот – мало повечерие и Акатист на Пресвета Богородица
На првиот акатист од Велигденскиот пост Неговото Високопреосвештенство Митрополит господин Тимотеј ќе богослужи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
Во петок богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

– 24.02.2018 (сабота) – Тодорова сабота Архиерејска литургија во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г.Тимотеј.
– 25.02.2018 (недела) Недела на Павославието Архиерејска литургија во црквата „Св.Никола“ – Геракомија, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г.Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани