По повод Христовото раѓање денес честитки до граѓаните испратија политичките партии:
-„Нема поубава вест во православието, од веста за Христовото раѓање. Нема поубава вест од веста за раѓањето на Спасителот на човештвото кон чии идеали благонаклоно треба да тежнееме. Овие празнични денови се денови во кои секоја куќа се исполнува со мирот божји, денови во кои еден на друг подаваме рака.
Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија од Охрид, ви посакува овие прекрасни празнични мигови да ги поминете заедно со вашите најблиски, со вашите семејства и заедно да ја дочекате веста за Христовото раѓање. Нека овој Божиќ донесе спокој во секој дом, во секое семејство.
Новата верба и новата надеж кои претстојат пред нас за да изградиме современо заедничко општество треба да ни бидат водилка во натамошниот развој. Единството, почитта и соживотот кои секојдневно треба да ги практикуваме да бидат нашиот заштитен знак како народ и како држава“, стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид.
-„Во вакви динамични и модерни времиња никако не смееме да ја заборавиме традицијата. Традиционалните вредности да бидат духовна и морална основа на нашето општество.
Рождеството Христово нека ни донесе радост, среќа, здравје и успех во секој дом. Посакуваме сите граѓани во семејна благосостојба и мир да ги поминат празниците. Семејните вредности мораме да ги негуваме и да ги издигнуваме до совршенство.Христос се роди! На многаја лета!, стои во честитката на ВМРО – Народна партија – Охрид.