Во ЈЗУ Општа болница Охрид успешно е реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок, со средства обезбедени од Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
Со оваа инвестиција, одделенијата за Интерно, Неврологија и Педијатрија се поврзани на централен довод на медицински кислород, со што целиот интернистички блок сега располага со централизирано снабдување.
Од болницата информираат дека новиот систем значително ќе ги подобри условите за лекување на пациентите, ќе овозможи побезбедно и поефикасно спроведување на кислородна терапија, како и повисоко ниво на здравствена заштита.
Од ЈЗУ Општа болница Охрид посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со инвестиции во модернизација на болничката инфраструктура, во интерес на пациентите и здравствените работници.

