Дали некој го подметнал пожарот кај охридскиот болничар?

И по една недела се уште не се познати причините за настанатиот пожар во домот на охридскиот болничар Робет Николоски.

Дали некој го подметнал пожарот или настанал од грејно тело или можеби  неисправна инсталација не е утврдено. Николоски се сомнева дека некој можеби го подметнал пожарот. Според неговиот исказ во Противпожарната единица кога излегол на пешачење вратата ја оставил затворена , но кога се вратил ја нашол подотворена. 

Полицијата засега  нема покренато истрага, записници се направени од увидот на лице место, но кај нив не била пријавена состојбата со вратата. 

Кои и да се причините на 45 годишниот Роберт од Охрид кој живее во населбата Видобишта му е потребна итна помош, да го обезбеди својот дом и да може да се врати на првобитниот живот. Потребни се градежни амтеријали, покучнина и волонтери за помош! 

Текстот објавен вчера на Охриднет: 

Седум дена под отворено небо, со солзи и  битка во  пеплосаните ѕидови  со изгорената  покуќнина  и спомени од  домот. Болничар од Охрид остана без покрив над глава.  Наместо празнична радост во пожар му изгоре куќата што ја наследил од покојните  родители. Роберт Николоски од населбата Видобишта живее сам, во моментот кога избувнал пожарот  не бил дома, но кога се вратил  било предоцна.

Пламените јазици ја проголтале целата покуќнина.

–  „Се обидов да дејствувам, да спречам нешто имаше една кофа ја зедов фрлив на огнот и огнот ми пладна в лице се задушив од чадот и  избегав“, вели Роберт Николоски.

Роберт  работи како болничар во охридската болница  и живее со минимални примања. Моли за помош од сите хумани граѓани, да го врати домот во првобитна состојба, бидејќи сега е оставен на милоста на пријателите.

– „Ништо немам се што имав е опожарено уништено,  ни документи, ни гардероба,   ни за спиење ништо. 0240 Одам кај пријатели другари преноќувам како ќе се снајдам така“, вели Николоски.

Секој ден иста мака, како ќе помине денот, што ќе се јаде и каде ќе се минат студените ноќи. Досега не добил помош од никого.  Сите хумани граѓани,  кои сакаат да му  помогнат  на Роберт може  да се јават на тел. бр. 075 937 086.

Новинар Соња Рилковска

После вчерашната објава илјадниците споделувања и читања на Охриднет пристигнаа првите реакции на помош од хуманите охриѓани!

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани