Дали „Синохидро“ ќе го доврши автопатот Кичево – Охрид?

Најдоцна до утре ќе се знае дали кинеската фирма „Синохидро“ ќе го доврши автопатот Кичево – Охрид.

Најдоцна до утре ќе се знае дали кинеската фирма „Синохидро“ ги прифаќа деталите од договорот со државата кој ја ослободува од плаќање на пенали, а кој Македонија и ги понуди за да го доврши автопатот Кичево – Охрид. Како што пишува Алсат, компанијата треба да прифати временска рамка, по што ќе следи и втор анекс за продолжување на рокот за изведба. Ќе се додаде и дополнителната сума пари потребни за оваа делница. Дека финишираат преговорите потврдуваат и од Министерството за транспорт и врски.
Според Горан Сугарески – министер за транспорт и врски, во наредните денови ќе треба да се направи конечен договор кој се разбира преку предлог на закон ќе дојде во Собранието. Според нехо, ако пратениците го одобрат анексот на договорот се разбира дека ќе продолжи изградбата на овој автопат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани