Дебарца во мрак

Веќе неколку часа, најголемиот дел од селата во општината Дебарца се во мрак.

Најголемиот дел од населените места во општината Дебарца се во целосен мрак. Според одредени информации на Охриднет од наши читатели од Дебарца, повеќе од три часа Дебарца е без струја и дека проблемот го предизвикал паднат далековод најверојатно како резултат на огромните врнежи од снег. Извесно е вели нашиот извор, дека и во текот на ноќта Дебарца ќе нема електична енергија и селата ќе се во тотален мрак се до раните утрински часови. Жителите се плашат дека овој проблем ќе предизвика дефект на апаратите за домаќинството и се жалат дека локалната и градоначалникот со прст не мрднала да оствари контакт со надлежните за да се санира состојбата или да ги известат граѓаните дека работаат и преземаат мерки за решавање на проблемот.    

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани