Денес во 15 часот во просториите на општина Охрид, угостителите заедно со надлежните ќе дебатираат за утврдување на надоместокот за урбана опрема.
Општината организира работен состанок за разгледување на предлог- одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година.
-„Општина Охрид е и ќе биде транспарентна и отворена за соработка и носење на заеднички одлуки.Непосредното учество и заедничките напори овозможуваат создавање на визија која ќе се идентификува со широк спектар на активности и ќе иницира создавање на здрава основа врз која ќе се планираат понатамошните активности, а сето тоа ќе допринесе за квалитетен туристички производ и зголемен број на гости и задоволни посетители“, информираат од локалната самоуправа.
