ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ЗА НАЈДОБРА ПОЕМА

Започнаа чествувањата за годинешните Прличеви беседи.

Во рамките на чествувањата на годинашните Прлиеви беседи, денес во НУЦК “Григор Прличев“, на авторката Гордана Стојановска за поемата “Клучевите“ и беше врачена наградата за најдобра поема за 2017 година. Свеченоста беше збогатена со музички рецитал, а одбрани стихови од наградената поема читаа актерите Андријана Тодоровска и Павел Маслов.- Ваквите празнувања посветени на великаните, каков што е Григор Прличев, секогаш се одлична прилика одново да си ветиме дека ќе ја чуваме и негуваме нашата традиција и дека секој со своето знаење, умеење и совест ќе придонесуваме за подобра иднина на нашиот народ и земја. За тоа да го постигнеме, потребно и полезно е, секогаш на ум да ги имаме високопоставените, не само уметнички, туку и етичките и општоцивилизациските вредности на Прличев – истакна Ангеловска.
Наградата и повелбата на наградената авторка Гордана Стојановска и ја врачи директорот на НУЦК “Григор Прличев“, Стрезо Стаматоски. Овенчаната поетеса се заблагодари на наградата, подвлекувајќи дека е многу почестена и како човек и како автор.
-Мотивацијата за да се напише поемата во суштина произлезе од онаа состојба во која се наоѓа човекот во модерниот свет којшто е постојано изложен на притисоци, бомбардиран со информации. Поемата се обидува да ги стави на вага сите оние универзални и врвни вредости како што се цврстата вера, безусловната љубов, силната надеж, храброста и желбата да се оди напред. Тоа претставува едно трагање по одговор, дека тие вредности сеуште постојат и дека човештвото и човекот како суштество е сеуште подготвен да се издигне над сето зло кое постои во овој свет, истакна Стојаноска.
Чествувањата продолжуваат утре со културно – уметничка програма во спомен куќата на Григор Прличев и свечена академија на Основното училиште кое го носи името на лавороносецот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани