Долни Сарај ќе добие нов современ лик

Ќе се осовремени сцената кај Долни Сарај. НУ Фестивал „Охридско лето“ оваа година со пари од Министерството за култура ќе инвестира на овој простор кој е еден од најрепрезентативните и најубавите како сцена за различни културни збиднувања.

 

За прв пат имаше слух да се издвојат средства за санација на сцената на Долни Сарај. Министерството годинава не стави во програмата за инвестиции, средствата во висина од 1милион и 400 000 ден. ќе бидат доволни да се санира она што е најгорлив проблем на Долни сарај, а тоа е самата сцена и гледалиштето, вели Сузана Вренцоска, директорката на НУ Фестивал „Охридско лето“ во изјава за ТВМ. 

Уметниците кои се дел од фестивалот „Охридско лето“ однапред се информираат на кои се сцени можат да настапат и многупати досега иако местоположбата на Долни сарај е идеална за некои настани, било музички или драмски, била избегнувана поради несоодветните услови на овој простор. Сега, на задоволство на учесниците и на фестивалот ќе добиеме една современа сцена направена по сите светски стандарди, вели Вренцоска.Таа кажува дека отворени сцени во Охрид има многу бидејќи секое ќоше од градов може да се адаптира за некој културен настан. Но, потенцира дека ни недостасува современа затворена сцена. Додава дека градов, па и државава, мораат сериозно да размислуваат за изградба на една конгресна сала бидејќи град како Охрид го заслужува тоа.

Се надевам дека за скоро време надлежните ќе имаат слух и Охрид навистина ќе биде третиран како град на културата и град на уметноста и ќе ги овозможат тие услови што навистина се потребни, вели Вренцоска во изјава за регионалната ТВМ.

Моментално единствена алтернатива на „Охридско лето“ како затворена сцена е Центарот за култура „Григор Прличев“. Соработката со менаџерскиот тим на центарот е одлична, вели директорката, но тоа не е трајно решение кое целосно ги задоволува потребите на фестивалот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани