Дупки на патот кон Ќафасан, возете внимателно

Исклучително внимателно возете на патот од Струга кон Ќафасан.

На патниот правец А2 Стругa – г. п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода-с.Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

Social profiles