Меѓународен карате турнир во Охрид

Најдобрите каратисти од Македонија и соседните земји доаѓаат во Охрид.

Клубот за боречки вештини „Кун-су-то“ и карате клубот „Чоле“ од Охрид, забрзано се подготвуваат за претстојниот меѓународен карате турнир што на 26 мај оваа година, ќе се одржи во СРЦ „Билјанини Извори“.
Турнирот на кој работиме подолго време се наоѓа на официјалната листа во Карате федерација на Македонија со што сигурно е учеството на најдобрите каратисти од нашата земја и многу учесници од нашите соседни земји, велат од двата збратимени охридски клубови.
Од таму најавуваат заживување на спортската карате традиција во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани