Соред календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 март,Преподобен Теофан Исповедник.
Теофан се родил во осмиот век, потекнувал од аристократско византиско семејство, кое било некаков род со имераторот Константин Копроним. Татко му умрел рано, па Теофан бил оставен на грижа на императорот. Не сакајќи да ја жалости мајка му, кога дошло време тој се оженил со една девојка од виден род. За негова среќа, Господ му дал за жена сродна душа, и самата насочена кон Бога. Тие живееле честит живот среде суетата на дворот, а кога им се дала прилика двајцата стапиле во манастир. Свети Теофан набрзо се прочул по својот добродетелен живот и околу него се собирале и други љубители на подвижничкиот живот. Пострадал заради исповедањето на правата вера во времето на царот Лав Ерменец. Бил заточен на островот Самотраки, каде и се упокоил.
Му се молеше на Бога за болните и за неволните и им помагаше со својата молитва. А кога се разболе самиот, долго и со благодарност ја трпеше својата болест и не сакаше да Му се моли на Бога за оздравување.Денеска се оди во црква и се моли за болните.