Двајца охриѓани пријавени за семејно насилство

Во СВР Охрид вчера биле пријавени два одделни случаи на семејно насилство. Во првиот случај, полицијата во 20:20 часот го лишила од слобода 42-годишниот В.К. од Охрид, по пријава дека во семејниот дом упатувал закани и агресивно се однесувал кон членови на семејството.

Во вториот случај, во 20:30 часот било пријавено дека Ѓ.С. од Охрид во семејниот дом упатувал закани и бил агресивен кон членови на семејството.

По целосно документирање на двата случаи, против пријавените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани