Еко Фап бесплатно ќе собира кабаст отпад

Еко Фап бесплатно ќе собира кабаст отпад.

ЕКО ФАП Охрид Ве известува дека во сабота 13.11.21 ќе излезе во пресрет на вашите потреби за подигнување на кабаст отпад од вашите домови без никаков надомест! Оваа акција се организира за прв пат и овој пат важи само за реонот опфатен со улиците: Сирма Војвода , 8-ми септември, Лазо Трпоски и Питу Гули. Своите потреби за подигање на кабаст отпад можете да ги соопштите во Здружението ЕКО ФАП на телефон : 071 322 898 ( лице за контакт : Стефан) најдоцна до петок 12.11.21 до 20.00 часот. Најавата е потребна со оглед на ограничениот товарен простор во возилата на ЕКО ФАП. Ваше е само да се најавите и да обезбедите работна сила за товарење на отпадот.
ЕКО ФАП е наше охридско здружение и пријател на Охрид! Не дозволувајте околината да биде нагрдена со вашиот отпад на тротоарите покрај контејнер!
Сакајте го Охрид! Учествувајте во оваа иницијатива во зачеток! Вака почнале сите големи идеи, повикуваат од Еко Фап. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани