На централната прослава на сесловенските просветители во катедралната Света Софија ексклузивна изложба на ракописи. Низ вековите од слово до ракописно и старопечатено наследство, кое е дел од археографската збирка на националната библиотека. Дел од ракописите биле изложени во Ватикан и Брисел но за прв пат ја видоа светлината на денот во земјава.
Меѓудругото беа изложени двете старопечатени ретки книги тројазичниот речник на Ѓоргија Пулески и За македонските работи од Мисирков, за кои е научно докажано дека се обид за кодификација на македонскиот литературен јазик.

– Специфично е за овие книги посебно за За македонските работи е книга која е создавана после Илинденското издание и однесена е да се печати во Софија, 0229 му било кажано дека тогашните власти дале наредба да биде откупен целиот тираж и запален. Така што овде има ексклузивна можност да се погледне оној мал дел кој е останат тѕка, вели Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“.

Ремек дела на фрескоживописите и иконописите во регионот беа претставени на уште една изложба во дворот на црквата Света Софија.

-Пригодна поставка на фотографии и копии од икони и фрески од 11 до 19 век. Избрани се репресентативни дела кои се дел сопственост на Завод и Музеј Охрид во Галеријата на икони дел сопственост на МПЦ, вели Горан Патчев директор на Завод и Музеј Охрид.

Пред присутните беа изложени и Најстариот фрагмент на пергамент кој датира од 13 век , Струшкиот зборник со творба за Св. Климент Охридски, и Кртатовското Евангелие.
Новинар Соња Рилковска
