Фатен е крадецот од банките во Охрид, Струга и Кичево

Крадецот што напрај пустош во банки во Охрид, Струга и Кичево, конечно е фатен.

Крадецот од банките што беше страв за граѓаните и опљачка банки во Охрид, Струга и Кичево е фатен од полицијата. Тој бил „жив“ фатен откако вчера со пиштол и маскиран ја опљачкам „Шпаркасе“ банката во Кичево. Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид информира дека вчера околу 14,00 часот во експозитурата на „Шпаркасе“ банка на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, од страна на едно лице со закана со пиштол извршено е казнено дело „разбојништво“.
-Полициски службеници од полициската станица во Кичево веднаш излегоа на терен и по преземени мерки за кратко време е пронајден и приведен Ч.Д.(34) од село Ливада, струшко. Тој е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, нараквици и еден пиштол. Во консултација со јавен обвинител, на местото на настанот е извршен увид, изјави портпаролот Димоски.


По преземените соодветни мерки и активности и извршен разговор со осомничениот утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“, две извршени на 12.12.2017 година и 06.02.2018 година во „Шпаркасе“ банка во Кичево, на 25.11. и 06.12.2017 година во експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, разбојништвото извршено на 05.12.2017 година во казиното „Астра“, како и на разбојништвото во „Силк Роуд“ банка во Охрид извршено на 30.11.2017 година. Со извршувањето на кривичните дела Ч.Д. се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.
Како што информира портпаролот Стефан Димоски, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе три кривични пријава против Ч.Д. поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“. Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево.

 

Social profiles