Финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје „Вевчански извори“.
Македонското еколошко друштво, партнер спроведувач на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавува јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природата (СП) „Вевчански извори“, како алатка за спроведување на шема за плаќање за екосистемски услуги.
Јавниот повик е отворен до 09.03.2022 година до 15 часот.
