Физичка пресметка помеѓу две лица е пријавена вчера попладне на плажата „Градиште“ на брегот на Охридското Езеро.
Според СВР Охрид, на 15 јули во 17:55 часот било пријавено дека јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу Р.Б. (50) од охридското село Велгошти и И.Б. од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
