ФОТО: Не запира уништувањето на пешачката патека кон „Парк“

Нема крај на нечие дивеење и крајно несовесно однесување за уништување на пешачката патека кон „Парк“.

Несовесни граѓани повторно ги уништуваат новозасадените дрвца на пешачката патека кон „Парк“. Овојпат тие преполовија-искршија неколку дрвца засадени на патеката кои треба да бидат не само украс на патеката туку и невидено еколошко благо на градот.Вандалите повторно покажаа дека немаат лична еко свест и култура, дека не ги интересира ништо што претставува општо добро за Охрид, охриѓани и туристите кои не само во текот на летото, туку низ целата година ја користат патеката.Вандалите, водени од уништувачкиот инстинкт „лечат“ одредени лични фрустрации и се чувствуваат “големи“ при чинот на уништувањето.Сепак, многумина граѓани се во право кога велат дека треба да се засили, односно не треба да престане контролата на надлежните служби на патеката. Тука често и порано се кршеле дрвцата и другата опрема но и се вози со автомобили до угостителските објекти. Лани летото,полицијата казни неколку лица кои биле затекнати при кршење како и неколку возачи со коли на патеката а општинските служби итно интервенирале за санирање на оштетувањата.Се чини дека тоа е малку како што е многу мала еколошката култура на некои луѓе. Сликата од најновото кршење на засадените дрвца на патеката е позајмена од ФБ профилот на нашиот сограѓанин  Ѓорѓи Тодороски која сама по себе доволно говори за нечие рушење и деструкциски карактер.По објавената слика на ФБ профилот на Тодороски има лавина од реакции на граѓани кои безрезервно го осудуваат кршењето на дрвцата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани