Со два тона рибна чорба, греана ракија, вино, плашици и пача Охрид денес традиционално го одбележа Денот на рибарите.
На култното Сараиште одекнуваше староградската песна на охридските чалгии. Дождот не ја расипа забавата. Чорбата во огромниот казан со 400 килограми риба ја подготвуваа од угостителското училиште.
-„Ќе иамме околу две илјади порции рибна чорба тоа ни е мера која скоро секоја година ја правиме така да испробан е тој рецепт“, вели Маријан Радески директор на Угостителско училиште.
– „Дел од рибината чорба ја дистрибуираме до луѓето кои што неможат да дојдат лугето со социјален ризик инвалиди и стари изнемоштени лица“, вели Сашо Точков
Охрид остана верен на вековната традиција кога рибарите на Свети Јован Крстител се капеле за бериќетна ловна сезона, но со цел со крст да ги осветат езерските води. На овој ден традиционално и денес се капеа ветераните.
-„Уште многу години граѓаните да го слават овој ден на пригоден начин онакак како што доликува на градот покрај Охридското езеро“, порача градоначалникот Јован Стојаноски.
Во автентичната забава уживаа бројните странци, кои специјално деновиве се во Охрид за празикот Водици. Тие беа воодушевени од уникатните обичаи на древниот Охрид.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ



.jpg)
