ФОТО: Слатинско езеро полно до врв!

И Слатинско езеро полно до врв. Надојдените реки, обилните дождови и топењето на снегот го наполнаа коритото и на испразнетото Слатинско езеро. 

 

Веќе неколку месеци  тече  и  санацијата на браната на Слатинско езеро.

Пет години немаше  спомен од овој воден ресурс. После  еколошката катастрофа, која што се случи во  февруари 2013 година, кога пукна  насипот и демнеше опасноста да бидат   поплавени   земјодеслките површини и домови,  вештачкото езеро зјаеше  празно. 

Конечно во програмата на минатата   влада  беше предвидена  санација на браната и враќање на животот на Слатинското езеро. Проект тежок еден милион евра.

Планот на поранешната локалната самоуправа беше да се уреди и просторот околу Слатинското езеро. Покрај за риболов езерото може да биде атрактивно и за равој на туризмот, одмор и рекреација во живописната природа.

 На 23 февруари 2013 година, земјено насипната  брана на Слатинското Езеро, изградена во 1963 година,  пукна поради што надлежните го испразнијјѓа целото езеро. Вештачкиот воден ресурс,  богат со над 20 автохтони видови риба, остана целосно без вода, со што беше  уништена целокупната флора и фауна. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани