По петти пат во Охрид се случи величествената Бадникова Поворка. Над 400 деца низ охридските улици со песната Вечниот Бог го најавија Христовото раѓање.
За возврат на плоштад градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски им додели подароци. Потоа децата беа на празничен ручек во црквата Сети Горги.
-„Убаво е да се негува традицијата. Еве ние оваа година ја продолжуваме оваа убава традиција. Овие златни дечиња нека бидат благословени, нека бидат благословени сите ители на Охрид и гостите. Во очи на овој голем празник што ни следи во текот на утрешниот ден ја продолжува,е традицијата која мораме да ја негуваме како град и очекуваме дека секоја почит кон традицијата и кон она што сме во корените дека ќе донесе и поголем бериќет за нашиот град“, истакна градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
-„Не псотои човек во светот што не сака да види и слушни убаво што ќе му ја стопли душата и што ќе му придонесе радост. Така и оваа година петти пат по ред четиристотини деца успееа преку Божиќната песна Вечниот Бог многу луге стотици луге да израдуваат и да им донесат радост, љубов и среќа“, истакна етка Филипова од организациониот одбор на Бадниковите поворки.
ФОТОГРАФИИ: