ФОТО + Видео: Охридската болница одбележа шест децении постоење

ЈЗУ Општа болница Охрид одбележа 60 години постоење. На основите поставени од големи лекари, пред се човекољупци и ентузијасти во секоја смисла на зборот, поставени пред и по Втората светска војна, се изнедрува првата генерација доктори: Др. Здравко Захариевски, Др. Ристо Филев, Др. Владо Константиновски и Др. Петрит Аголи, чиј труд и визија прераснуваат во Медицински центар.

Свое обраќање на одбележувањето на овој значаен јубилеј имаше актуелниот директор д-р Горан Маркоски.

Денес на прославата на 60 години од постоењето на оваа болница ние како наследници на нашите постари колеги кои биле дел од почетоците на нашата установа можеме само да испратиме силна порака дека нивната идеја и нивниот аманет се живи до ден денес, а наша морална, општествена и човечка одговорност е да ја пренесеме пораката за најблагородната работа на светот на идните генерации, рече директорот на установата Др. Горан Маркоски.

Фотогалерија

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани