Внимателно возење, забрана за тешки товарни возила на Стража и Пресека

Сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови поради знежните врнжени. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија,додека во останатите делови врнежите се од дожд. 

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТТВ: Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Пресека,Ѓавато и Маврово.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА: На патниот правец Тетово – П.Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија Пат.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани