ФОТО: Внимателно! Се „крпи“ патот кон Свети Наум

Без ниту еден сообраќајен знак се крпи патот Охрид Свети Наум.

Огромни дупки и кратери кои ќе се „крпат“ зјаат отворени, а патото не е обележан дека се одвиваат градежни работи. Мало невнимание може да предизвика огромна материјална штета на возилата.  Охриѓани со остри реакции.

Санацијата на патот е објавена на официјалната страна на „Македонија пат“. 

-“Санација и други градежни зафати се одвиваат на дел од патот Охрид-Св.Наум поточно на потегот од „Билјанини извори-Рача-Кољско.Работите започнаа вчера но зачудува фактот што на патот немаше поставено соодветни знаци кои ќе ги предупредат возачите на работни зафати на пат и потреба од намалување на брзината на движење. Автомото сојузот на Македонија информира дека денеска (30-ти јануари) на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – Населба Коњско има измена на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. Притоа, проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.Со соопштение денеска се јави и Градежното претпријатие „Илинден“-Струга известува дека на 29 – 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р-1301, од Билјанини извори до населбата Коњско ќе започне измена на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат“, информираат од Македониа пат. 

ФОТОГРАФИИ

Фотограффиите се преземени од видео објавено на социјалните мрежи:

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани