Годишниот план за вработување пред градските советници

Осмата седница на Советот на општина Охрид со маратонски дневен ред. 92 предлог одлуки ќе се најдат пред градските советници. 

 

Меѓу другото советниците ќе го усвојуваат годишниот план за вработување во 2019 година. Годишните извештаи за програмата за туризам, урбанистички планови,јавно осветлување, водоснабдување.  Пред градските советници ќе се најде и финансиското работење и завршните сметки на основните и средни училишта, како и на јавните претпријатија, методологијата за распределба на блок – дотацијата за основно и средно образование во општина Охрид и предлог-одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион.

Осмата седница на општина Охрид е закажана за 14.03.2018 година (среда) со почеток во 11:00 часот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани