Унеско бара затворање на депонијата Буково?

И додека регионот околу Охридското езеро чека на изградба на регионална депонија, според тврдењата на еколошките активисти, депонијата Буково каде Охрид го носи постоечкиот смет, ќе треба биде затворена.

Најавите се тоа да се случи за две години. Во меѓувреме, се уште се тактизира со решение и за постоечката струшка депонија и покрај тоа што доаѓа туристичка сезона и опасноста од нејзино повторно палење.

„Буково ќе мора да се затвори и до тогаш ќе мора да се најде начин, место и локација каде ѓубрето и комуналниот и другиот отпад би се депонирал. Ќе треба да се стави клуч на тоа ѓубриште. Воопшто не смее да прима нови количини на смет. Ова е препорака на УНЕСКО…“, рече Трајче Талески- граѓанска иницијатива Охрид СОС.

Од јавното комунално претпријатие во Охрид велат дека во тој случај тие би немале каде да носат постоечкиот отпад.

„Мора во блиска иднина да се размислува за едно регионално решение бидејќи во овој момент се уште се носи отпадот во границите на депонијата, но просторот почнува да станува тесен“, рече Љупчо Грданоски- директор на ЈП Комунално Охрид.

Извор Алсат мк

Social profiles