Секојдневна слика низ охридската чаршија се бројните питачи.
Каде и да поминете во центарот на градот но и на неколкуте најфреквентни улици ќе бидете пресретнати од питачи. Ги има мажи, жени од сите возрасти, но најтажно е што најмногу има деца до десетгодишна возраст и постари лица.
Најголем број питачи во Охрид има во текот на летниот период, но и оваа зима. На екстремно ниските температури надвор измрзнати, слабо облечени шетаат мали деца, кои молат за некој денар. Најчесто деца од многудетните семејства од ромската популација.
Питачењето е казниво со закон, глоби се предвидени за родителите кои ги испраќаат своите деца на улица, или заедно просат. Институциите се немоќни во решавањето на овој горлив проблем.
Според податоците на Првата детска амбасада „Меѓаши“ околу 2000 деца секојдневно просат низ улиците ширум земјава.