Градоначалникот на општина Вевчани го доби уверението за втор мандат.
-Денес од страна на ОИК Вевчани, ми беше врачено Уверение за вториот градоначалнички мандат!
Упатувам искрени честитки и до новоизбраните Советници!
Продолжуваме посветено, одговорно и транспарентно да работиме за подобро Вевчани, напиша на својот официјален профил Кочоски.


