Градоначалникот на Вевчани Спасе Кочоски даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена.
-За разлика од нашите претходници, градоначалниците на СДСМ кои никогаш не најдоа за сходно да дадат отчет пред вас што ги бираат, ние тоа го правиме во првите 100 дена од нашиот мандат.
Градоначалниците од СДСМ го преспаа целиот свој мандат, се разбудија два месеци пред оджувањето на локалните избори, раскопаа по неколку улици, а со надеж дека ќе добијат глас повеќе.
Граѓаните го препознаа неработењето нивно и ги казнаа на последните локални избори.
За разлика од нив, ние почнавме со работа од првиот ден.
Затекнавме нефункционална и приватизирана општина, општина во целосна функција на личните интереси на претходниот градоначалник и партијата.
Понатака, затекнавме демотивирана и деградирана општинска администрација. Долг од на 2.5 милиони денари. Ниту еден проект кој го имаа започнато не е целосно завршен иако за тоа имаа време, а беа обезбедени и средтсва за нивна реализација од претходниот градоначалник и Владата кои беа предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Затекнавме јавно комунално претпријатие како најголем загадувач и градител на дива депонија.
Меѓутоа, добро е што оваа жална епизода за општина Вевчани заврши и еве не, ние сме тука да ја променеме таа слика и да се зафатиме со решавање на реалите проблеми на граѓаните, рече Кочоски.

Ја отворивме општината за секој еден граѓанин без разлика на неговата партиска припадност. Ја забрзавме динамиката на проектите кои ги затекнавме, додаде градоначалникот на Вевчани.
Кочоски ги наброи следниве активности и проекти:
1. Свечено го отворивме мултикултурниот центар ,,Коста Србакоски“ Вевчани.
2. Во тек е постапка за доделување на договор за јавна набавка за партерно уредување на просторот околу Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани.
3. Започната е иницијатива за подготовка на документација за реконструкција на кујната во детската градинка „Планински цвет“ Вевчани.
4. Во тек е изградба и реконструкција на 5 локални улици во Вевчани кои ќе се реализираат во 2022 година.
5. Отпочнавме постапка за изработка на техничка документација за изградба и реконструкција на локални улици.
6. Подготовка на техничка документација за реконструкција на локални улици во рамките на проектот за поврзување на локални патишта од Минстерството за транспорт и врски.
7. Го саниравме и решивме проблемот со каналот за наводнување на заобиколницата на потегот од фабрика „Вевчанка“ до Здравствен дом „д-р Светозар Чочороски Вевчани“.
8. Во соработка со ЕВН Македонија дислоциравме столб од далековод кој претставуваше сериозна опасност за возачите на заобиколницата на потегот од фабрика „Вевчанка“ до Здравствен дом „д-р Светозар Чочороски Вевчани“.
9. Со изградба на бетонски канал го решивме проблемот со пропустите за вода на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште “Зодишта”.
10. Во тек е изградба на 4 канализациски линии во Вевчани, овие канализации се градат од програмата на ТАВ за инфраструктурни проекти.
11. Отпочната е постапка за изработка на техничка документација за реконструкција (бетонирање) на главните канали за наводнување во урбаниот опфат на Вевчани.
12. Преку координативни средба со градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот регион и Министерството за животна средина беше разгледан концептот за изградба на меѓурегионална депонија во општина Новаци.
Проектот опфаќа изградба на неколку претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп и набавка на опрема за потребите на јавните комунални претпријатија.
– За општина Вевчани планирано е набавка на нов камион, канти и контејнери.
13. Започната е иницијатива за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Вевчани.
14. Санирани се мостовите и осветлувањето по кејот на Вевчанска река.
15. Поправено е целото осветлување во во заштитеното подрачје Споменик на природта (СП) „Вевчански извори“.
16. Почната постапка за донесување на нов урбанистички план за Вевчани.
17. Донесовме програма за финансирање на проекти од локален интерес во културата во општина Вевчани и започна нејзината реализација преку поддршка на Василичасрите друштва, поддршка на културно уметничкото друштво „Дримкол“ Вевчани, поддршка на самостојни уметници.
18. Организација на Вевчански карневал 2022 година (забавен дел).
19. Во соработка со МЕД, а преку проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавен е јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природта (СП) „Вевчански извори“.

Кочоски информираше дека во тек е изработка на проекти кои ќе ги реализираме во текот на 2022 година, а тоа се:
1. Изработка на техничка документација за изградба и реконструкција (бетонирање) на главните канали за наводнување во урбаниот опфат на Вевчани.;
2. Изработка на техничка документација за реконструкција и изградба на улици;
3. Ќе го донесеме новиот урбанистички план за Вевчани;
4. Ќе започнеме со пробивање и чистење на полски и шумски патишта;
5. Ќе ги реконструираме мостовите во Споменикот на природата „Вевчански извори“.
6. Партерно ќе го уредиме просторот околу мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани.
На граѓаните на општина Вевчани им ветувам макотрпна и посветена работа со цел реализација на сите проекти, а ќе ја продолжиме и практикава на отчетност, вети градоначалникот на Вевчани.
