Грдиот туристички „инфо центар“ треба да замине во историјата

Грда слика во строгиот центар на Охрид е таканаречениот туристички информативен центар што, за жал сеуште стои покрај влезот на охридската пошта.

Помпезно најавуваниот туристички центар во ноември 2016 година, со кој како големо достигнување во сферата на туризмот се „китеше“ поранешната локална власт, е лошо решение,тежок промаш, црна дамка и голем срам за најголемиот туристички центар и бисер во земјава и пошироко. Тогаш силно медиумски најавуваниот нов туристички информативен центар, се сведе на една планинска колиба која најмалку требаше да биде поставена во центарот на крајезерскиот Охрид и која на се друго личи само не на современ туристички инфо центар. Патем речено, „Туристичкиот инфо центар“ никогаш и не проработи иако според гордите тогашни најави од локалната требаше да биде значајно и атрактивно место каде гостите ќе ги добиваат сите потребни информации поврзани со нивниот престој но и други информации од областа на туризмот и културата. За жал, денес колибата се уште стои и претставува тема за потсмев на охриѓани но и непознаница за туристите за нејзината намена која уште од првиот ден е нефункционална, бескорисна и над се, вистински грда. Токму затоа, во пресрет на претстојната туристичка сезона,оваа планинска колиба несреќно поставена на едно од најфрекфентните места во преубавиот град покрај Охридското езеро, час поскоро треба да биде тргната од центарот на Охрид и неповратно да замине во историјата. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани