Изгласан ребаланс на буџетот

На денешната четириесет и осма седница на градскиот совет, советниците расправаа за измаени и дополнувања на годишните програми за работа на повеќе сектори од општинската адмнистрација, јавните претпријатија и образовни интитуции.

Со 13 гласови ЗА и 5 ВОЗДРЖАН беше усвоена одлука за измени и дополнувања на буџетот за тековната година.

Ребалансот се должи на измени во повеќе програми како и поради средствата кои општината ги доби од државата за реализација на инфраструктурни проекти.

И овој ребаланс наликува на сите досегашни кои ги носевме во изминативе три години, со тоа што големите проекти коишто им беа ветени на граѓаните се одложуваат, посочи советничката од СДСМ Живка Ангелоска.

Барем сега за сега ниту еден од големите носечки проекти коишто беа ветени пред граѓаните на локалните избори не е реализиран, а голем дел од нив не се ни започнати. Меѓутоа ете поминаа три години, јас се надевам и посакувам во нареднава година како што кажа и градоначалникот, да ги реализирате тие големи проекти, а со оглед на краткиот период , барем да ги започнете .„- кажа Живка Ангелоска -советничка СДСМ.

Иако буџетските средства се зголемени за 10% поради што и се врши ребаланс сепак расположливите средства на општината не се доволни за реализација на сите проекти, кажа Тони Иваноски од Сектор за комунални дејности. Тој посочи дека поради дотраената канализациона и водоводна мрежа градот и јавните претпријатија се соочени со големи трошоци за поправка на дефекти што понатаму предизвикува оштетувања на коловозите за чија санација само годинава биле потрошени двојно повеќе средства од лани. Но и покрај тие трошоци, реализацијата на крупни инфраструклтурни проекти не заостанува, кажа Иваноски.

 

Јас ќе напоменам дека само последнава година 2024 во тек е изведба и во завршна фаза канализација во Горно и Долно Лакочереј со можност за приклучување на Орман во посебна пречистителна станица, објект кој според нашите проценки ќе има вредност од 1мил евра и ќе биде користен од околу 4 000 жители ако ја земеме населбата Орман и перпективно она што се урбанистички планови предвидени во Чекоштина.“ – кажа Тони Иваноски – Сектор за комунални дејности.

Иваноски наброја неколку проекти кои се во тек на реализација како улицата „Гоце Делчев“ финансирана со помош на дел од средства од ТАВ преку Владата во износ од 1 мил евра која ќе биде завршена деновиве, потоа реконструкцијата на училиштето во населба Радојца Новичиќ кое следната учебна година ќе биде ставено во функција, а за новата спортска сала во основното училиште во Лескоец кое е во градба, поради одредени недостатоци на проектот и конфигурацијата на земјата ќе се гради потпорен ѕид за кој деновиве ќе се распише тендер и ќе се реализира.

 

Значи крупните проекти коишто се во програмата на градоначалникот не затајуваат , се реализираат. Сакам да ве известам дека и онаа велосипедска патека за којашто веќе зборуваме 3-4 години е во фаза на изведба на основен проект и очекуваме да се заврши тој проект и по добивање на согласнот од ЈП за државни патишта би започнала реализација такашто пред летната сезона очекувам дека ќе имаме и велосипшедска патека на тој дел.“ – рече Иваноски.

Секретарот на Општината Александар Китески се надоврза на дискусијата за капиталните проекти споделувајќи информација со советниците дека Секторот за урбанизам издал одобрение за изградба на пречистителната станица во с. Трпејца, проектот е финансиран преку Министерството за транспорт и врски, а за катната гаража и плоштадот Чинар одобренијата од Министерство за транспорт и врски ќе бидат издадени до крај на оваа година. Локалната власт по добивање на одобренијата планира да аплицира за добивање средства од следниот повик на владата предвиден за почетокот на другата година.

Во вториот дел од работата на седницата, усвоени пет одлуки за формирање на комисии за избор на членови во повеќе управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Извор ТВМ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани